Бројот на активно заразени со ковид-19 во земјата, во моментов изнесува 2.076 лица.

Деновиве зголемен е бројот на заразени од вкупниот број на направени тестови, а по тој повод министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека се прават анализи кои ќе ги утврдат причините за порастот. Како што посочи, анализата најверојатно ќе биде изготвена до утре, по што ќе се знае дали дополнително треба нешто да биде преземено.

Вчера, од направени 1.397 тестирања  регистрирани беа 140 нови случаи на Ковид-19, што е околу 10 проценти од тестираните. Оздравеа уште 60, а починаа 6 пацинети.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.557, бројката на оздравени пациенти е 13.792, на починати е 689 .Досега во земјата се направени вкупно 174.097 тестирања на ковид -19.