Денеска ќе пристигнат 110.612 вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек“, кои нашата земја ги купи преку Ковакс механизмот.

До крајот на годината, преку Ковакс механизмот е најавена испорака на уште 100.000 вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек“.

„Пристигнатите вакцини, за кои има голем интерес кај населението, а кои се препорачуваат за имунизација и на деца над 12 години, ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум земјата со цел да се обезбеди непречен процес на вакцинација. Освен на вакциналните пунктови, вакцинацијата во нашата земја се одвива и теренски“, информираат од Министерството за здравство.

Оттука додаваат дека вакцините се безбедни и ефикасни и претставуваат единствен начин да се победи пандемијата.