Владата донесе одлука за забрана и посебен полициски час во општина Куманово, односно целосна забрана за движење за време на викенд, почнувајќи од 21 часот во вечерва (петок) до 5 часот во понеделник.

Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16 до 5 часот.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на атарот на кумановските села, исклучиво за работни потреби.

Оваа одлука на Владата следува откако денеска беше соопштено дека заболени со коронавирус се 11 доктори од тамошната болница, а исто така од новозаразените 46 лица за кои беше информирано денеска, половината, односно 23 се од Куманово.