Три медицински сестри, еден вработен во техничката служба на Инфективното оделение во Куманово се заболени од коронавирусот.

Позитивен е и еден лекар од Куманово, но тој работи на клиниката во Скопје, информира директорот на Центарот за јавно здравје, Ариф Љатифи. На инфективното одделение вработенот медицински персонал се тестирал на коронавирусот во изминатите 5 дена и резултатите ја покажале оваа бројка.

Меѓу заболените од коронавирусот има четворица пазарни инспектори и еден санитарен инспектор истотака од Куманово. 

Заразените медицински лица и инспектори се во домашна самоизаолација додаваат од центарот за јавно здравје.

Во првиот бран на кумановското инфективното одделние позитивни на коронавирусот беа неколку лекари, кои успешно се изборија со болеста и се вратија на работа.