фото: Игор Бансколиев

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 37 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а вкупно се лекуваат 480 пациенти. Голем дел од нив се на кислородна поддршка, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 56 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 36 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 45 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 19 пациенти, на Клиниката за очни болести 17 пациенти, а на ОРЛ 23 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 25 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 109 болни, на Клиниката за инфективни болести лежи 151 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 31 пациент и тоа 9 деца и 22 возрасни.

– И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 40-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка – велат од МЗ.