Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 203 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, велат од министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 6 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 примени пациенти и 4 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 10 оздравени пациенти.

Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 54 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 78 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 70 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на ковид-19 вирусот.

Од ресорното министерство напоменуваат дека бројот на приеми во изминативе денови се намалува а утрово до 8 часот имало 180 слободни места, се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места, дополнуваат од здравство.

Според нив, сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.