Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје има хоспитализирано еден нов пациент поради компликации од коронавирусот. Вкупно 37 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Пациентот е примен во ковид-центарот во ГОБ 8 Септември, каде вкупно има 14 болни.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 2 оздравени пациенти.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.