фото: Зоран Антоски

Во изминатото деноноќие во Кичево се регистрирани тројца новозаболени од ковид-19, со што вкупната бројка на инфицирани со коронавирусот во општината се искачи на 38, од кои 32 се активни случаи, пет лица се излекувани, додека едно лице почина.

Од Кризниот штаб потврдуваат дека новозаболените се од познат кластер.

– Со денешните три потврдени новозаразени случаи, во нашата општина бројот на вкупно инфицирани со ковид-19 се искачи на 38. Од оваа бројка активни се 32 лица, петмина се излекувани, додека едно лице почина. Поголем број од инфицираните во нашата општина се со лесна клиничка слика и се наоѓаат на домашно лекување. И новозаразените се од познат кластер – информираат од таму.

З.А.