Фото: Зоран Антоски

Во Кичево денес се бележи најголем број на излекувани граѓани – вкупно 11 од појавата на пандемијата во овој град. Во исто време, бројот на заразени од ден варира, така што денес се регистрирани два случаја.

Како што известуваат од Кризниот штаб, повеќето инфицирани граѓани од последниот месец се со полесна клиничка слика и се на домашно лекување, додека бројот на инфицирани со потешка клиничка слика е во опаѓање.

Моментнтно во Кичево како активни се водат 124 случаи, 102 лица се излекувани, додека 10 лица ја загубија битката со ковид-19.

– Денес имаме мал број на инфицирани со ковид-19, само двајца, додека во исто време го бележиме најголемиот број на излекувани во еден ден, вкупно 11, и ако се има предвид полесната клиничка слика кај повеќето пациенти инфицирани од нашиот град, за очекување е деновиве да имаме слични бројки на инфицирани и нивниот вкупен број наскоро да падне под 100 – рече Д-р Џабир Бајрами, член на Кризниот штаб од Кичево. З.А.