Фото: Зоран Антоски

Во изминатото деноноќие полициските службеници на ниво на ОВР-Кичево, констатирале 45 прекршоци на граѓани на кои им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето, заради спречување на ширење на ковид-19.

Во исто време две лица од Кичево не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на ковид-19. Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави- информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

Во истиот период не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир и сообраќајни незгоди.

Моментално во општина Кичево во изолација се наоѓаат 22 лица, а полициските службеници кај сите 22 лица извршиле контрола и не регистрирале отсуства. Во самоизолација во Кичево моментно се наоѓаат 13 лица и кај сите самоизолирани лица од овој град, полициските службеници извршиле контрола и не регистрирале напуштање на домот. Во исто време извршени се и 30 контроли врз угостителски и други објекти и таму нема регистрирано неправилности.