Фото: Зоран Антоски

Во текот на изминатотот деноноќие во општина Кичево, едно лице не ја почитувало забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирусот. Лицето е приведено и против него ќе биде поднесена соодветна пријава според член 206 од КЗ „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Во исто време полициските службеници на ниво на ОВР Кичево, констатирале и 14 прекршоци на лица за неносење на заштита на лицето.На истите им се издадени прекршочни платни налози, за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила, за носење на лична заштита на лицето заради спречување од ширење на ковид-19.

На територија на ОВР-Кичево 26 лица се наѓаат во изолација, а кај 14 од нив полициските службеници извршиле контрола,додека во самоизолација во оваа општина се наоѓаат 16 лица и кај сите 16 самоизолирани, полициските службеници извршиле контрола и не регистрирале неправилности.

Во исто време полицијата во координација со Државниот пазарен инспекторат извршиле контроли на 49 угостителски и други објекти, најмногу во југозападниот дел од земјава.

Од СВР-Охрид информираа дека  вчера во 23.45 часот во полициската станица Кичево приведен е Б.С.(37) од Кичево, кој физички ја нападнал својата сопруга. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.