фото: Зоран Антоски

За да се подобри хигиената на градската инфраструктура и да се зголеми безбедноста во борбата со коронавирусот, комуналното претпријатие од Кичево во соработка со општината, презеде сеопфатна акција со која секојдневно во два наврати, темелно се дезинфицираат и мијат улиците, а овој зафат ќе помогне вирусот да не се шири и преку подлогата, а и хигиената во целиот град ќе биде на многу повисоко ниво.

– Нашето комунално претпријатите и општина Кичево, од понеделникот спроведуваме акција наутро и навечер да ги дезинфицираме и темелно да ги миеме градските улици во сите делови на градот. Дезинфекцијата и миењето на улиците со вода секако ќе помогнат во борба со коронавирусот и негово ширење, бидејќи употребените препарати ќе помогнат истиот да се уништи на подлогата и во пониските слоеви. Со овој зафат покрај тоа што ќе имаме чисти улици, ќе овозможиме на градските сообраќајници да не се крева прашина, а чистата подлога ќе придонесе опасностите од ширење на вирусот да бидат сведени на минимум. Паралелно со овој зафат, целосно е исчистен сметот околу контејнерите, истите редовно се празнат, а ние и по овој основ придонесуваме за подобра хигиена во градот, а секако и за подобро здравје на граѓаните. Оваа акција ќе се одвива се дотогаш додека состојбите не се стабилизираат, а коронавирусот и неговата експанзија не бидат намалени или елиминирани – рече Зенел Јонузи, директор на ЈКП „Комуналец“-Кичево.