Во знак на хуманоста и поддршката за здравствените работници во секојдневната борба со ковид-19, во Домот за стари лица „Мајка Терза“ во рамки на социјални и општокорисни работи, самоиницијативно изработија 100 заштитни маски. Материјалите за работа се обезбедени од лични средства на вработените и ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“- Скопје, во чии рамки функционира домот.

Овие заштитни маски ќе бидат донирани во соработка со Црвениот Крст на Град Скопје на оние за кои во овој момент тоа им е најпотребно, а тоа се вработените во дебарската болница.

Во домот за стари лица „Мајка Тереза“ се сместени стари лица, корисници на социјална заштита. Секојдневно функцонираат голем број активности и настани, а се во рамките на културните и работно-рекреативните дејности, се со цел за активен живот и стареење во третото доба , збогатувајќи го максимално социјалниот живот.
Соочени со новонастанатата состојба во нашата држава и појавата на коронавирусот , како светска пандемија , голем број од активностите и настаните кои се предвидени за оваа година, едноставно мораше да ги одложиме и да се воздржуваме од истите, максимално почитувајќи ги препораките од Ресорното Министерство за здравство и МТСП.

Сепак, од страна на нас вработените, со наши лични средства, но и со една голема и хумана мисла, сосема спонтано се изроди идејата за изработка на заштитни маски, која корисниците, кои се дел од работно-терапевтската секција во Домот веднаш и без размислување ја прифатија и парцијално, како и без ризични групирања изработија 100 заштитни маски од стоотстотен памук, се вели во соопштението.