ОВР Кичево до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Д.П. (46) од кичевското село Осој, поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здраствени прописи за време на епидемија“.

– Тој во својство на професор и одделенски раководител во основно училиште во Кичево, на своите ученици им доделил свидетелства, иако претходно потпишал изјава за задолжителна изолација – информира СВР Охрид. З.А.