Фото: Игор Бансколиев

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците во земјата е 1.392 и има околу 300 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјата, со исклучок на главниот град, е пријавено дека се лекуваат вкупно 823 пациенти позитивни и суспектни на вирусот. Во Скопје бројот на ковид-пациенти е 569, од кои само во последните 24 часа биле хоспитализирани 70 лица.

– Во болницата во Битола се хоспитализирани 82 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 65 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 74 лица, а во Куманово 124 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 94 пациенти, во Прилеп – 117, во ковид-центарот во Гостивар – 35, а во Струга – 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 62 пациенти, во Кочани – 15, во Кичево – 11, во Кавадарци – 65, а во Гевгелија – 25 лица позитивни и суспектни на вирусот – се вели во соопштението на Министерството, од каде што додаваат дека бројките се менуваат од час на час според направените приеми и исписи на пациенти.

И во скопските болници бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 70 слободни места. Се очекува во текот на денот по направените исписи на оздравени пациенти да се ослободат и дополнителни места. Во изминатите 24 часа дома биле пуштени 33 опоравени пациенти.