Фото: Илустрација

На местото наречено Борови, во близина на граничниот премин Богородица, полициски службеници утрово го лишиле од слобода Г. Н. од Зелениково.

При преглед во возилото „фиат добло“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Г. Н., биле пронајдени двајца мигранти од Сирија.

Тој бил приведен во полициска станица, а мигрантите биле предадени во Прифатно-транзитиниот центар „Винојуг“. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.