Министерството за здравство информира дека Армијата со поддршка се вклучи во тестирањето на граѓаните од коронавирусот. Тим од техничкиот персонал од Воено медицинскиот центар почна на терен, во асистенција на екипите од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) да им помагаат при земањето на брисеви за тестирање од вирусот ковид-19.

„Со оваа поддршка од страна на Армијата, значително ќе се зајакне, но и ќе им се олесни работата на екипите од ЦЈЗ. Тимот од Воено медицинскиот центар се вклучува поради зголемениот број на заразни лица. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од овој непредвидлив вирус, да соработуваат со епидемиолозите, а исто така да даваат и точни информации во епидемиолошките анкети. Само преку целосно придржување на мерките може да го спречиме ширењето на коронавирусот“, соопшти Министерството за здравство.