Јавното комунално претпријатие „Водовод“ Битола интензивно работи на водоводно поврзување на модуларниот ковид центар кој пред неколку дена почна да се гради во непосредна близина на инфективното одделение во Клиничката болница во Битола.

Екипи на ЈП „Водовод “ денеска почнаа со ископ на водоводната мрежа која треба да биде поврзана со главниот водоводен канал кој врви низ Нова Битола.

Според информациите на ЈП „Водовод“, стручните екипи на ова јавно претпријатие се оптимисти и веруваат дека во период од три недели, колку што е крајниот рок за изградба на модуларниот ковид центар, тие ќе ја завршат работата и Центарот ќе добие вода.

М.М.