ВМРО-ДПМНЕ предлага бесплатно тестирање за коронавирус за сите граѓани.

– Како пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ предложивме амандмани за ковид-кризата и затоа бараме од нашиот данок, прифатете ги нашите амандмани, затоа што само живи луѓе можат да ја раздвижат економијата и нашиот фокус е да се спасат што е можно повеќе животи. За доброто на сите тргнете ја суетата, внимателно разгледајте ги и прифатете ги амандманите како што се на пример: амандманот за бесплатни ковид тестови за сите граѓани и амандманот за 50 нови амбулантни возила – изјави пратеничката Ели Панова.

Таа додаде дека живееме во држава која е во првите пет земји во Европа во заразени по глава на жител, а по смртност и многу пошироко.

Според неа, со масовно тестирање ќе се помогне во намалување на бројката на новозаразени, а тоа значи дека ќе се спасат животи и ќе се намали смртноста.