Фото: Игор Бансколиев

Владиците Петар и Агатангел се хоспитализирани во приватната болница „Систина“ откако добиле позитивен тест на ковид-19, објави телевизија „Сител“.

Владиката Петар за „Сител“ изјавил бил хоспитализиран од 23 март, поради превентива од можни компликации, со што навел дека сега се чувствува добро, додека чека негативен тест за да биде отпуштен од болница.

Верскитете лидери на минатонеделната средба со премиерот Зоран Заев упатија апел до сите верници да ги почитуваат мерките против ковид-19, особено во периодот во кој претстојат празници, додека претседателот на Комисијата за односи со верските заедници, Даријан Сотировски, апелира и верските лица што поскоро да бидат опфатени со процесот на имунизација.