Владата на денешната седница ќе ја разгледува можноста за намалување на времетраењето на полицискиот час и олеснување на движењето на помладите и повозрасните. Претходно од Владата најавија и изработка на оперативен план за процесот на враќање на вообичаениот тек на секојдневниот живот по првомајските празници.

Задолжителното покривање на лицето со носење маска, марама или шал од денеска е задолжително во Прилеп Куманово и во Тетово, според владината мерка чија цел е создавање услови за послободно движење и заштита на населението.

Беше препорачано и намалување на излегувањето од своите домови, и тоа само од најнеопходни причини, како и само еден член од семејството да излегува заради снабдување со намирници.