За точно и навремено информирање на граѓаните со официјални и проверени информации поврзани со справувањето со коронавирусот, Владата отвори нов информациски канал на поуларната апликација Вибер.

Првиот владин комуникациски канал на Вибер може да се најде под името „Коронавирус МК Koronavirus“.

Целта на новиот канал на Вибер е брзо, целосно и точно информирање на граѓаните за сите мерки за справување со коронавирусот од институциите, најнови информации од Министерството за здравство, како и помош на сите граѓани на кои им е потребна точна информација поврзана со ситуацијата.

Вибер e една од најкористените мобилни апликации за разменување на пораки во нашата земја, посочуваат од Владата, образложувајќи ја одлуката за креирање на ваква група.