Владата денеска ќе одлучува за набавката на лекот Ремдесивир кој им помага на заразените од ковид-19, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Тој соопшти дека земјава има обезбедено финансии за набавката на лекот кој е докажано дека им помага на инфицираните од вирусот.

Филипче најави дека утре пред пратениците во Собранието ќе се најде Законот за заштита од заразни болести.

– Се надевам дека пратениците се свесни за состојбата во која се наоѓаме и брзо ќе го изгласаат – изјави Филипче.

Тој на денешната прес конференција ја запозна јавноста со состојбата во болниците, модуларната болница до Инфективната веќе почнува да се полни, додека одделението во Гостивар е полупразно.

Меѓудругото, Филипче најави дека од НАТО ќе добиеме 60 респиратори и лична заштитна опрема која ќе биде распределена во здравствените институции во земјава.