Владата даде дозвола за Договорот за набавка на одобрената вакцина против ковид-19 преку механизмот „Ковакс“, информираат од владиниот кабинет по 46-та владина седница. Образложуваат дека за спроведување на набавката, вакцината мора да биде одобрена.

– Оттаму Владата даде согласност за склучување Анекс на Договорот во кој „одобрена вакцина“ значи вакцина против ковид-19 во однос на која „ГАВИ“ има стапено во обврска за напредна набавка и која има претквалификација од Светската здравствена организација, стандардно/условно одобрение за пуштање во промет или одобрение за употреба во итни случаи воспоставено од Строго регулаторно тело или Список за употреба во итни случаи на СЗО – стои во писменото соопштение.

Договорот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини за ковид-19 беше склучен помеѓу Владата и Глобалниот сојуз за вакцини „ГАВИ“, се наведува во соопштението