Фото: Игор Бансколиев

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-47, Куманово-3, Дебар-12, Штип-1, Прилеп-4, Тетово-10, Велес-3, Охрид-4, Кавадарци-8, Гостивар-3, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-2, Кичево-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 551 оздравени пациенти од: Скопје-314, Куманово-10, Штип-14, Прилеп-27, Тетово-16, Струга-8, Велес-16, Битола-26, Охрид-16, Кавадарци-13, Гостивар-13, Гевгелија-12, Струмица-12, Крива Паланка-3, Крушево -11, Кочани-9, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Пехчево-3, Берово-3, Валандово-3, Делчево-1, Свети Николе-1, Кичево-5, Ресен-7 и Неготино-3.

Починати се 11 лица, тројца пациенти од Скопје (67, 72 и 67г), еден од Тетово (68г), еден од Гостивар (78г), еден од Крива Паланка (84г), еден пациент од Кочани (41г), еден од Демир Хисар (72г), еден од Македонски Брод (78г) и двајца пациенти од Делчево (80 и 60г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 85.594, бројката на оздравени пациенти е 66.760, на починати е 2.592, а бројот на активни случаи изнесува 16.242. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 37.056, активни 9.961
• Куманово 4.841, активни 469
• Дебар 673, активни 128
• Штип 3.351, активни 178
• Прилеп 4329, активни 390
• Тетово 4.843, активни 698
• Струга 2.080, активни 221
• Велес 2.831, активни 381
• Битола 3.096, активни 404
• Охрид 2.531, активни 420
• Кавадарци 2.234, активни 479
• Гостивар 3.439, активни 440
• Гевгелија 1.202, активни 219 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 207 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2.360, активни 428
• Крива Паланка 652, активни 99
• Радовиш 634, активни 72
• Крушево 169, активни 18
• Кочани 1.639, активни 171
• Пробиштип 459, активни 33
• Демир Хисар 239, активни 30
• Македонски Брод 223, активни 10
• Пехчево 159, активни 18
• Берово 531, активни 63
• Валандово 317, активни 38
• Виница 458, активни 59
• Делчево 677, активни 198 (183 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 195, активни 10
• Свети Николе 1.047, активни 67
• Кичево 1.600, активни 179
• Ресен 664, активни 115
• Неготино 1.065, активни 246 (170 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 764 теста се преку: ИЈЗ-163, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена-0, Биотек-93, МАНУ -88, Жан Митрев (Филип Втори)-118, Систина со ПЦР метода -179, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-65, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-3, ГАК-0, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -55, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 411.804 тестирања на ковид-19.