Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров е позитивен на коронавирус.

Тој ова го објави на неговиот фејсбук профил.

– Се подготвував за посета на Луксембург, ама тестот покажа дека јас веќе сум имал опасен „гостин“. Нека продолжи да вирее без да го забележувам многу и побрзо да го снема. Чувајте се луѓе, да сте здрави и живи сите! – напиша вицепремиерот за европски прашања во својата објава.