На пет држави, меѓу кои e и Македонија, ќе им биде дозволен влез во Бугарија само со негативен ПЦР тест.

Како што соопшти бугарската влада, со приложен тест не постар од 72 часа, бугарската граница ќе можат да ја поминат државјаните на Македонија, Србија, Молдавија, Израел и Кувајт.

Одлуката за овие олеснувања е на барање на туристичкиот сектор во земјата.