Бројот на новозаболени од коронавирус во земјава достигна бројка од 114 лица во последниве 24 часа, говорат податоците на Министерството за здравство.

Според најновите податоци, детектирани се 29 новозаболени во текот на вчерашниот ден, од кои најголем дел се од Скопје.

Освен во постојните шест градови каде што имаше заболени од коронавирусот (Скопје, Дебар, Штип, Гостивар, Охрид и Кавадарци), коронавирус во последниве 24 часа е детектиран и кај едно лице во Куманово.