Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.080 лица.

Заклучно со податоците објавени до вчера, бројката на оздравени пациенти е 2.315, на починати е 286, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.479.

Најголемо жариште и понатаму е главниот град со 1.978 активни случаи, потоа Тетово со 367 и Куманово со 283 активни случаи.

Само вчера, регистрирани беа 176 новозаболени од ковид-19 на направени 870 тестирања, што изразено во проценти е 20 отсто од тестираните.