Фото: Игор Бансколиев

Активен е 451 случај на заразени со ковид-19 во Македонија, додека бројот на заболени се намалува, а вакцинацијата се одвива непречено според надлежните.

Во ковид-центрите низ земјава пријавено е дека се лекуваат вкупно 77 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, а болниците затворија дел од капацитетите наменети за позитивни на ковид-19 поради намалениот број на заболени.

Од министерството за здравство соопштија дека 48 отсто од населението над 70-годишна возраст примило барем една доза вакцина, односно 42 отсто од граѓаните над 65 години и 35 отсто од населението над 60 години.