Британскиот сој на коронавирусот е потврден кај еден скопјанец и еден охриѓанец.

Првиот случај е од 4 јануари, кога бил потврден позитивен тест кај заболениот, кој за жал починал како последица на вирусот. Вториот случај е од 18 јануари, а заболениот бил отпуштен од лекување пред четири дена.

Претходно британскиот сој беше детектиран кај 46-годишен маж од Скопје кој веќе оздравел, но во лабораторијата на МАНУ беше најавено дека ќе се прават дополнителни анализи.

Експертите алармираат дека поради лесната преносливост постои голема можност за неколку месеци да стане доминантен и во земјава.