Британскиот сој на коронавирусот е утврден кај 10 лица од Прилеп, информираат од општина Прилеп.

Преку Инфективното одделение на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“- Прилеп, на 7 февруари се земени брисови од петмина пациенти, на 6 февруари од двајца, а во последната недела од јануари од тројца пациенти. Од нив, седуммина се наоѓаат на домашно лекување, а тројца се хоспитализирани.

Од причина што британскиот сој е позаразен во однос на претходниот сој, надлежните очекуваат во наредниот период зголемување на бројот нови случаи на коронавирус.

Во таа насока, упатуваат апел до прилепчани максимално да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирус: носење заштитни маски, држење дистанца, миење раце, како и мерките на Владата за забрана за групирање на јавен простор. Ка.М.