Четириесет и деветте битолчани, повратници од Малта, кои беа сместени во хотелот „ Епинал“ се негативни и тие ќе го напуштат хотелот и ќе си заминат во своите домови. Ова го објави претседателот на Советот на Битола, Валентин Груевски на својот фејсбук-профил.

Притоа првиот советник на Битола побара сите оние битолчани кои се спротиставуваа на нивното сместување во хотелот и кои на социјалните мрежи се закануваа да им се извинат на своите со граѓани за непримерниот дочек.

Покрај хотелот „Епинал“, кој се наоѓа во центарот на Битола, на популарниот Широк Сокак, за државен карантин е прогласен и хотелот „Молика“ на Пелистер, во кој се сместени околу 100 повратници од странство, главно од Германија.

Во Битола досега се инфицирани од коронавирусот вкупно осуммина битолчани, од кои и едно 5-годишно дете. М.М.