Фото: Илустрација

Битолското основно јавно обвинителство поднесе предлог за казна за 32-годишник кој на 24 март околу 22 часот бил затекнат како се движи по битолската улица Илинденска, со што не го почитувал полицискиот час односно забраната за движење на населението во периодот од 21 до 5 часот.

Битолчанецот се товари за кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Надлежниот јавен обвинител му предложил на судот на обвинетиот да му изрече парична казна од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да се определи на 20 евра.​