Битолчанецот М.А. (35) починал на инфективното одделение на Клиничката болница-Битола каде што се лекувал од ковид-19, неколку часа откако бил вратен по негово самоволно напуштање на болницата.

Откако М.А. избегал од болницата, вчера попладне, по пријава на надлежните служби и со интервенција на полицијата бил пронајден дома, и со служба за итна медицинска помош бил вратен на лекување.

– Пациентот, позитивен на ковид-19 беше вратен во болницата со возило на итната медицинска помош, но во тешка здравствена состојба, неконтактибилен, со немерлива сатурација и изразена цијаноза. Пациентот почина со клиничка слика на тешка кардиоресприраторна инсуфициенција, и покрај преземените мерки за реанимација во 18.45 часот – појаснуваат здравствените власти. 

Во текот на ноќта на инфективното одделение во Битола од ковид-19 почнале и други две лица на возраст од 55 и 73 години, освен 35-годишниот битолчанец.