Додека последните денови, во некои градови во државата драстично се зголеми бројот на позитивни лица од коронавирусот, во Битола веќе 11 дена нема новорегистриран случај.

Оваа информација ни ја потврдија од Центарот за јавно здравје, од каде и натаму препорачуваат битолчани да се придржуваат кон мерките за одржување на физичка
дистанца, носење на заштитна маска и одржување на лична хигиена.

– Само со дисциплина, совесност и безусловно почитување на мерките, можеме да
се надеваме дека ќе ја добиеме битката со коронавирусот – нагласуваат од Центарот за
јавно здравје во Битола.

Инаку, во Битола досега позитивни биле 28 лица, а активни случаи се само тројца заболени. М.М.