Фото: Игор Бансколиев

Министерот за економија, Крешник Бектеши, смета дека работното време на угостителските објекти ќе биде продолжено до 23 часот.

– Продолжување на работното време, најверојатно, ќе има од 21 јануари, а до кога ќе биде продолжението, ќе зависи од предлогот што ќе го даде Комисијата за заразни болести. Имајќи ја предвид ситуацијата, јас мислам дека би требало да биде до 23 часот. Тоа е моето видување – рече Бектеши.

Според неговите сознанија, вели дека не се работи на изготвување нови протоколи за работењето на угостителските објекти.

– Постојните мерки се со важност до 21 овој месец. Во согласност со сите податоци што ги имаме ние како Влада и во склоп на кризниот штаб, се предвидува да се продолжи работното време. Има неколку опции, мислам дека на 21 овој месец, кога ќе имаме и кризен штаб, навремено ќе ги информираме сите угостителски објекти. Но, најверојатно, ќе има продолжување на работното време на угостителските објекти – повтори Бектеши.