Министерот за економија, Крешник Бектеши, ги повика граѓаните, особено угостителските објекти, да ги почитуваат мерките за заштита и протоколите, оти, како што кажа, само на тој начин ќе се спречи ширењето на коронавирусот.

– Ако сме доведени во ситуација да воведеме целосен локдаун на одреден сектор, ние, како и претходно, ќе донесеме економски мерки за целосно затворање на одредени сектори – рече министерот.

Тој појасни дека мерките донесени од Владата, кои ќе стапат на сила од средината на месецов, не се за целосно затворање на угостителски објекти туку само за тие кои работат во затворен простор.

– Тие нема да смеат да работат. За оние кои работат на отворено, со капацитет над 30 гости, секој кој ќе сака да влезе треба на редарските служби да им покаже сертификат дека е вакциниран. Објектите кои се со капацитет под 30 гости, не се обврзани да имаат редарски служби – нагласи Бектеши.

Тој потенцира дека Државниот пазарен инспекторат ќе врши контроли на сите угостителски објекти за почитувањето на нерките.


Плус 15 проценти финансиска поддршка за инвестиции од дијаспоратас

Министерот за Економија Крешник Бектеши, денеска одржа прес-конференција за измените и дополнувањето на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, предложени од Министерстовото за економија.

Бектеши рече дека министерството за економија во континуитет ја изрази својата подготвеност и добра волја да поддржи и создаде многу поповолни услови за секој инвеститор кој има интерес да инвестира во нашата земја.

– Целта на измените и дополнувањата на овој закон е забрзување на економскиот раст и развојот на Република Северна Македонија преку поддршка на инвестициите за зголемување на конкурентноста на економијата на Република Северна Македонија и вработувањата – изјави Бектеши.

Со измените се прошируваат видовите на финансиска поддршка, и тоа за : технолошки развој и истражувања, поддршка за инвестициски проекти од значаен економски интерес, воспоставување и унапредување на соработката со регистрирани добавувачи во Македонија, поддршка за преземање на претпријатија во тешкотии и конкурентна способност на пазарот.

Исто така со цел да се даде можност за користење на предвидените измени во Законот за финансиска поддршка на инвестициите, односно можноста за поднесување барање за користење на финансиска поддршка и во 2021 година, направени се измени во однос на временските периоди и датумите.

Бектеши најави дека воспоставувањето и унапредувањето на соработката со добавувачи регистрирани во Република Северна Македонија, вредноста на вкупно извршени набавки е зголемена од 1% на 10% на производи од добавувачи, што се вградуваат во производот на корисникот на финансиската поддршка во претходната година под услов вкупните набавки од добавувачи да бидат најмалку 7,5% од вкупните набавки на корисникот на финансиска поддршка во претходна година.

– Со овие измени и дополнувања исто така се регулира финансиската поддршка на државјани со постојан и привремен престој во и вон РСМ каде се зголемува износот на финансиска поддршка за 15% од оправданите инвестициски трошоци но не повеќе од 1.000.000 евра – изјави Бектеши.