Изборите и кампањата во моментов се последни меѓу приоритестите на ДУИ, вели лидерот на партијата, Али Ахмети, кој дополнува дека апсолутен приоритет во моментов се граѓанинот и јавното здравје.

– Сите наши човечки, интелектуални и институционални капацитети ги ставивме на располагање на победа во заедничката борба против вирусот. Сега, нас ни треба да го победиме вирусот а не победа на изборите. Со изборите и кампањата ќе се занимаваме откако ќе ја победиме ова закана спрема сите нас и заедно Ве уверувам дека ќе го издвојиме победа – вели Ахмети.

Лидерот на ДУИ додаде дека тие се целосно посветени во адресирање на ситуацијата со Цовид 19 и во насока на тоа да им се помогне на граѓаните, лекарите и економијата.