АД ЕСМ чие мото во логото беше „да се држиме заедно“ од денеска симболично ги раздвои елементите во своето корпоративно лого во насока на подигање на јавната свест за потребата од социјална дистанца во услови на пандемија.

Пораката на новото видоизменето лого сега е ,,Да се држиме заедно, но да одржуваме дистанца”.

АД ЕСМ секојдневно ги охрабрува своите вработени да ги почитуваат сите препораки на надлежните органи, со цел што побрзо да ја надминеме кризата и предизвикот со кој сме соочени. М.М.