Адвокатка од Кичево, Елена Митрејческа, на полицијата ѝ донираше заштитни маски, ракавици и гелови за дезинфекција на раце.

– За да се зголеми заштитата и безбедноста на нашата полиција, која носи огромен товар во справувањето со коронавирусот, на кичевската полиција и донирав 145 гелови за дезинфекција на раце, 60 заштитни маски и 150 пара заштитни ракавици. Се надевам дека по моите стапки ќе тргнат и повеќето бизнисмени и граѓани од Кичево и републиката, чија свест и хуманост се на највисоко рамниште – рече Митријческа.

З.А.