Штипска конфекција затворена откако неколку работници се заразиле со ковид-19

54

Конфекцијата со 80 вработени според сопственикот нема да работи две недели, за да не се шири вирусот, потврди директорката на Центарот за јавно здравје, Марија Димитрова, како што пренесуваат повеќе медиуми. Состојбата се следи и во детските градинки каде што децата се тестираат по алгоритам по појавата на симптоми.

Поголемиот број на пациенти во регионалното Инфективно одделение во Клиничка болница-Штип сега се од Пијанечко-Малешевскиот регион, за разлика од пред еден месец кога доминираа пациенти од Штип, а исто така деновиве се хоспитализираат и од Кочани, каде што драстично се зголемува бројката на заразени, поради ширењето на вирусот, пред се, на семејните веселби.