Широк Сокак повторно оживеа

131

Одлуката за отворање на рестораните и кафулињата во Битола ги изваде битолчани на Широк Сокак. Но, иако денеска во Битола грееше сонце, кафулињата и летните бавчи беа речиси беа (полу)празни.

Сите угостителски објекти ги поставија масите согласно препораките на Министeрството за здравство. На секоја маса имаше средства за дезинфекција, а келнерите на себе имаа маски.

Очигледно е дека атмосферата во Битола не е таа што беше пред затворaњето на угостителските објeкти и дека ќе им треба време, не само на сопствениците на објектите, туку и на битолчани да се навикант на новите услови за уживање во оваа амбиентална улица. М.М.