Шест лица од Кичево не го почитувале полицискиот час

805
Фото: Зоран Антоски

Шест лица од Кичево не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита од коронавирусот. Лицата се приведени и против нив ќе бидат поднесени содветни пријави.

Во истиот период во Кичево се регистрирани и пет лица на кои им е издадено решение за изолација, во исто време од страна на полициски службеници се извршени 53 контроли, кај лица со изјави за самоизолација – информираа од СВР Охрид.

Локалите, коцкарниците и обложувалните се затворени, нема собирање на граѓаните со што во целост се почитуваат мерките на Владата.