Шест лица од Дебар и еден странец се тестираат за коронавирус

245
Препораките на Комисијата за заразни болести продолжуваат Фото: Маја Јаневска-Илиева

Министерството за здравство информира дека во моментов на корона вирус се тестираат шест лица од Дебар.

– Од нив, четворица имале контакт со заболените од Дебар. Еден доктор епидемиолог и еден лабораториски техничар исто така од Дебар кои се без симптоми на корона вирус, но за кои е важно да направиме проверка на нивната здравствена состојба – соопштија од МЗ.

На коронавирус се тестира и странец преку Центарот за јавно здравје во Битола.

Резултатите ќе бидат готови за неколку часа, по што МЗ ќе ја информира јавноста.