Шестмина починати и 147 нови случаи на ковид-19

789

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања, а регистрирани се 147 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-64, Куманово-8, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-16, Струга-7, Велес-5, Битола-4, Охрид-5, Гостивар-9, Струмица-1, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Кратово-1, Свети Николе-7, Кичево-4, Ресен-4.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 111 оздравени пациенти од: Скопеј-56, Штип-7, Тетово-36, Велес-2, Битола-3, Гостивар-1, Гевгелија-2, Струмица-1, Свети Николе-1, Ресен-2.

Починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово, еден пациент од Штип и еден од Берово.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (63г). Во ГОБ „8 септември“ починати се двајца пациенти од Скопје (59г) и (63г) и еден пациент од Штип (36г). Во болницата во Штип е починат пациент од Берово (69г), во Куманово пациент (78г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.932, бројката на оздравени пациенти е 2.987, на починати е 334, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.611. Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 3.343, активни 1.987
• Куманово 793, активни 240
• Дебар 103, активни 51
• Штип 371, активни 158
• Прилеп 277, активни 51
• Тетово 758, активни 385
• Струга 252, активни 154
• Велес 194, активни 43
• Битола 61, активни 22
• Охрид 195, активни 166
• Кавадарци 21, активни 15
• Гостивар 151, активни 91
• Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 17, активни 9
• Крива Паланка 16, активни 10
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 7, активни 4
• Кочани 74, активни 21
• Пробиштип 25, активни 16
• Демир Хисар 2, активни 1
• Македонски Брод 6, активни 4
• Пехчево 6, активни 3
• Берово 3, активни 0
• Валандово 6, активни 2
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 5, активни 2
• Свети Николе 41, активни 36
• Кичево 44, активни 38
• Ресен 120, активни 93
• Неготино 21, активни 6 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.296 теста се преку: ИЈЗ –585, Авицена –99, Биотек –75, МАНУ -158, Жан Митрев (Филип Втори) -209, Судска медицина-1, Систина со ПЦР метода -133, ЦЈЗ Битола-36. Досега во земјата се направени вкупно 66.133 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 37 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 5 деца позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, вкупно хоспитализирани се 120 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се хоспитализирани 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 95 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 409
• Аеродром – 150
• Бутел – 162
• Гази Баба – 189
• Центар – 143
• Карпош – 163
• Сарај – 149
• Кисела Вода – 109
• Ѓорче Петров – 114
• Студеничани – 110
• Шуто Оризари – 86
• Арачиново – 50
• Илинден – 32
• Петровец – 16
• Чучер Сандево – 18
• Сопиште – 14
• Зелениково-6
• Странец – 2
• Нераспределен- 65