Четири нови случаи на заразени од ковид-19 во Прилеп        

40

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 4 нови случаи на коронавирус, а од заразната болест оздравеле 8 лица.

Бројот на активни случаи изнесува 116, од кои 97 се наоѓаат на домашно, а 19 на болничко лекување.

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 177 лица.

Вкупниот број на заразени од ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 578.  

Ка.М.