Четворица новозаболени и тројца излекувани од ковид-19 во Кичево

93
Фото: Зоран Антоски
Трет ден по ред во Кичево се регистрирани новозаболени од ковид-19, така денес се регистрирани четворица новозаболени од коронавирус или вкупно 10 новозаболени во изминатите три дена во овој град. По два дена поминати без инфицирани, вкупниот број се искачи на 48. Од оваа бројка, 39 се сметаат за активни случаи, 8 граѓани се излекувани после подолг период, додека едно лице почина.

И денес новозаболените се лица од познати кластери, а поради полесна и средно- тешка клиничка слика, поголемиот дел се наоѓаат на домашно лекување, додека помал дел се на инфективното оделение. Општинскиот кризен штаб будно ја следи состојбата, за да не дојде до забрзан пораст на новоинфицирани од ковид-19 и секојдневно се одржуваат состаноци и се прави стратегија за идниот период, кога во земјава се очекува да се вратат на годишен одмор дел од гастрбајтерите од овој
регион.