Чаирскиот градоначалник позитивен на ковид-19

261

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, преку социјалните мрежи соопшти дека е позитивен на ковид-19.

– По извршениот тест вчера, сакам да ве информирам дека резултатот е позитивен – напиша Ганиу на Фејсбук.

Тој вели дека длабоко се извинува и изразува жалење до сите со кои имал контакт изминатиов период.

– Од оваа положба уште еднаш апелирам и ве молам за внимание, почитувајте ги заштитните мерки и препораките – се вели во објавата на чаирскиот градоначалник.

Ганиу вчера потврди дека е во самоизолација поради контакт со заболен од коронавирус.