Филипче: Спремни сме да ги примиме вакцините од Србија

77

Министерот за здравство, Венко Филипче, пред денешниот разговор за вакцините со Србија вели дека не постојат пречки ковид-вакцините да пристигнат во Македонија.

– Сметам дека ние тука сосем добро може да го спроведеме процесот на имунизација и благодарам на поканата, но ние ќе останеме тука да ги вакцинираме сите наши граѓани – рече Филипче.

Тој вели дека измената во Законот за лекови доаѓа по специфичното барање на „Фајзер“ кое е донесено на глобално ниво.

Во однос на мерките и препораките за заштита од коронавирусот, Филипче нагласи дека тие продолжуваат да бидат на сила и покрај намалениот број на новозаболени.